Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј денеска потпишале договор со кој Кина донира сензорни соби за лицата со попреченост.

Вкупната вредност на донацијата, како што соопшти Министерството за социјална политика, е 1.310.000,00 денари.

- Потпишувањето на денешниот договор е уште една потврда за огромната поддршка што Република Кина ѝ ја дава на Северна Македонија и потврда за долгогодишното пријателство што го негуваат двете земји. Двете страни изразија задоволство од досегашните соработка и поддршка и се согласија дека истите ќе продолжат и понатаму, истакнуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 15:29