За Артан Груби се врзуваат многу лоши работи во претходните влади. Тој е симбол на лошите политики за Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Тоа што е Обивнителството најави дека отвориле предмет, тоа многу зборува и јас го поддржувам тоа, истакна вицепремиерот Александар Николоски во "Само Интервју" на ТВ Канал 5.

“Тој беше најнегативниот лик во двете влади, како што најнегативниот лик на владата претходно беше Сашо Мијалков. Ставaњето во заеднички контекст на овие двајца е многу голема порака за општеството кај се движи и како треба да се прочистува. И ова е нешто што мислам дека јавноста е добро да го анализира. Добро е што Обвинителството најави дека отвори случај за ова и јас ги подржувам и ги замолувам да го затвори овој случај. И мора да се стави крај. Сведоци сме сите дека во радиус од еден километар овие две лица ги врзува два објекта Соравија и Мериот”- рече вицепремиерот Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 22:42