ЈО не смее да дозволи Артан Груби да помине само со црна листа на САД. Самиот факт што нашиот стратешки партнер има докази за влијание на Груби во судски предмети говори дека и ЈО истите мора да ги обезбеди и тој да одговара.
Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е само 2%.
Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите.
Артан Груби за кој видовме дека земал мито за да влијае на судски предмети не е сам, СДС како партија му биле испостава и помагачи.
7 години ДУИ и СДС поставува свои луѓе во правосудството.
Никој не може да претпостави колкав е бројот на предмети на кои Груби и СДС влијаеле и ја спречиле правдата или донеле одлука во граѓанска постапка во нечија корист.
Ги повикуваме обвинителите и судиите да се освестат, да излезат од јаремот на ДУИ и СДС и да почнат да си ја работат работата.