Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие „Паркинзи“ на плоштадот „Магнолија“ ќе постават зимско забавно-рекреативно лизгалиште како дел од програмата „Зимска приказна“.
Новата забавна содржина ќе стартува на 20 декември и лизгалиштето ќе биде отворено во овој и следниот месец, најави градоначалникот Тони Коњановски.
-Лизгалиштето ќе биде поставено во централната локација на плоштадот и таму ќе биде од 20 декември до средината или крајот на јануари. Се одлучивме за оваа локација поаѓајќи од она што се прави во сите европски центри, бидејќи тука ќе ја долови целата слика на зимската приказна, прекрасно украсениот Широк сокак, културното богатство што го имаме, архитектонското богатство и ќе се вклопи во оваа средина на задоволство на битолчани, истакна Коњановски.
Лизгалиштето е изнајмено од фирма преку јавна набавка. За рекреативците ќе има лизгалки за изнајмување, а цената треба да биде утврдена на седница на Советот на Општина Битола.