Американската пливачка Кејт Даглас го освои денеска златниот медал и постави нов светски рекорд во трката на 200 метри градно на Светското првенство во 25-метарски базени во Будимпешта.

Дваесетитригодишната Даглас победи со резултат 2:12.50 минути, што е нов светски рекорд.

Таа го собори сопствениот рекорд од 2:12,72 минути, кој го постави во Сингапур на 31 октомври 2014 година.

Сребрениот медал го освои Русинката Евгенија Чикунова која настапува под неутралното знаме со заостанување од 2,64 секунди, а бронзата ѝ припадна на Американката Алекс Волш со заостанување од 4,33 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2024 05:07