Македонија забрзано се трансформира. Денес неколку вести го одбележаа денот.
Поставен е камен темелник на фабрика за електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево, ќе се отворат нови 600 работни места. Политиките на Владата даваат резултат.
Премиерот Мицкоски со проекција за рекордни 1 милијарда евра странски инвестиции до крајот на годинава. Инвеститорите ја чувствуваат правната сигурност и предвидливост.
Од 15 декември стартува новогодишната кошничка со повеќе од 800 производи. Владата внимава на стандардот.
Истовремено се работи на подобрување на безбедноста. МВР инвестира во нова полициска станица во Кисела Вода, ќе се растеретат постоечките Беко и Пролет.