Околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостасуваат во Јавната здравствена установа Нефрологија Струга, посочи директорот на болницата, Јетмир Зиба.

И покрај дефицитот од медицински персонал, тој вели дека успешно се справуваат со секојдневните предизвици. Очекува дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања на почетокот на идната година ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.

- Имаме дефицит на лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари. Моментално бројот на вработени е 226, но имаме ветување дека набргу со реализација на проектот за вработување во сите медицински установи овој недостаток ќе го надополниме, изјави Зиба.

Според него, во Струшка Нефрологија потребни се 7 -8 лекари, 15 медицински сестри, како и хигиеничарки и болничари, но бројот ќе се зголемува поради порастот на пациенти со кои имаат потреба од хемодијализа.

- Бројот на пациенти кои имаат потреба од хемодијализа е во пораст, а најголеми причинители се дијабетот и, хипертензијата, подвлече Зиба.

Тој посочи дека постојано работат на подобрување на условите во болницата, но и на промоција на проектот за „холидеј дијализа“.

Во Нефрологија Струга минатата година изведени се 16.000 хемодијализи, а од основањето на болницата над еден милион



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2024 15:59