Нов вршител на должност директор на Центарот за јавно здравје во Штип е Бранко Горгиев. Тој од денеска ја презема функцијата од досегашната директорка Марија Димитрова.

Горгиев има завршено Економски факултет насока здравствен менаџмент, претходно беше вработен во ЈП „Исар“-Штип.

Поранешната директорка на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова функцијата ја извршуваше од 17 јули 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2024 04:06