Сто илјади фунти неделно го делат десниот бек Трент Александер-Арнолд од нов договор со Ливерпул, пренесе британскиот таблоид „Сан“.
Според изданието, „црвените“ се подготвени да ја зголемат платата на 26-годишниот играч за 70.000 фунти, со што ќе изнесува 250.000 фунти неделно. Во моментов зема по 180.000 фунти.
Сепак, желбата на англискиот репрезентативец е да зема 350.000 фунти неделно, што е главната причина поради која преговорите меѓу двете страни се во ќорсокак.
Медиумите на Островот долго време шпекулираат дека Александер-Арнолд кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид - тимот од кој веќе загуби две финалиња во Лигата на шампионите. За „белиот балет“ не би требало да биде проблем посакуваната сума на Александар-Арнолд
Актуелниот договор на дефанзивецот со Ливерпул истекува на 30 јуни 2025 година, а од 1 јануари ќе може слободно да преговара со кој било друг клуб.