Денеска ФИФА ги додели своите годишни награди „Најдобрите“. Ова се вторите најпрестижни признанија по „Златната топка“.

Винисиус Жуниор е избран за „Фудбалер на годината“ за 2024 година. Тој лично ја прими својата награда од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Карло Анчелоти е избран за тренер на годината. Минатата сезона Италијанецот го предводеше Реал Мадрид до триумф во Лигата на шампионите и Ла Лига, а потоа и во Суперкупот на Европа. Тој може да додаде уште еден трофеј утре бидејќи „Лос Бланкос“ ќе се соочи со мексиканска Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп.

За разлика од доделувањето на „Златната топка“, каде Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата, на денешната прослава присуствуваше и претседателот на „белите“ Флорентино. Според некои извештаи, Винисиус Жуниор веќе бил известен дека ја добил наградата.

Церемонијата започна со краток говор на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој рече дека ако „сакате да знаете кој е најдобар во светот“, ФИФА треба да го дефинира тоа. Сепак, тешко ќе ги убеди луѓето дека деветтото издание на овие награди има поголема вредност од „Златната топка“ која се доделува од 1956 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 04:13