Новозеландскиот 22-годишен возач Лијам Лосон од следната сезона ќе му биде клупски колега на четирикратниот светски првак Макс Верстапен, објави денеска Формула 1 тимот Ред Бул.

Лосон, кој потекнува од јуниорскиот тим на Ред Бул – РБ, доаѓа на местото на Серхио Перез, кому тимот синоќа му го раскина договорот.

Перез во јуни потпиша нов двегодишен договор, но поради слабите настапи оваа сезона, соработката беше прекината.

„Да бидам прогласен за возач на Ред Бул е животен сон за мене, тоа е нешто на кое сакав и работев уште од мојата осумгодишна возраст“, изјави Лосон.

За Лосон тоа ќе биде прва полна сезона во Формула 1, откако изминатите две години возеше вкупно 11 трки



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2024 14:47