Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово , синоќа во населбата Средорек ги привеле И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица, соопшти МВР.

И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 03:46