Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност.

Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е Скопје.

Според податоците на „IQAir“, Приштина е на 19-то место, Букурешт на 20-то, Белград на 25-то, Софија на 45-то и Атина на 63-то место.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа на 10-ти овој месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3 828 до 5 000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 14:35