Според резултатите од пописот, спроведен годинава, во Косово живеат 9.140 припадници на Македонската горанска заедница, со Уставот признати како етничка заедница Горани.

Според табелата на конечни резултати, во однос на етничката припадност, објавена од Агенцијата за статистика, од вкупниот број најголем процент или 7828 се во општина Драгаш, каде територијално припаѓа областа Гора. Значителен број Горанци или 565 живеат во Призрен, 192 во Пеќ, 188 во Приштина, 104 во Северна Митровица, по 52 во Урошевац и Грачаница а ги има и во други градови од по 10 до 37.

Од вкупно 1.585.566 попишано население, Горанците учествуваат со 0,58 отсто. Најбројни се Албанци или 1.454.963, Срби 36.652, Бошњаци 26.841, Турци 19.419, Ашкали 16.207, Египќани 10.581, Роми 8.730, други 2.051, додека одбиле да се произнесат 982 лица.

Како дел од областа Гора на Косово се 19 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои зборуваат македонски јазик, на албанска територија има 10 села, додека на македонска територија две, Јеловјане и Урвич



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 14:44