Бразилската фитнес-инструкторка Карол Розалин е прогласена за „жена со совршено тело“, според анализата со помош на посебен модел вештачка интелигенција. Некои од факторите на анализата се: симетрија, пропорција, здравје, сила.

„Таа по дефиниција има совршено тело и е идеална во светот на фитнесот“, објави „Плејбој Австралија“ (Playboy Australia).

Бразилката доби оценка 10. Таа има повеќе од 700.000 следбеници на Инстаграм, а својот изглед ѝ го припишува на здравата исхрана и на редовните посети на вежбалниците.

- Гледањето на резултатите во огледало е веќе победа. Да се ​​биде препознаена како „совршена фитнес-жена“ е неверојатно!, изјави таа за списанието.

Таа почнала со тренинзи и вежби со тегови пет пред осум години. Вежба дена во неделата, а редовно се занимава и со аеробик. Нејзината исхрана, главно, вклучува овошје, зеленчук, овес и пилешко. Фитнес-стручњакот Бен Лукас истакнува дека копирањето на нејзината диета и тренинзите можеби не се доволни за истите резултати кај сите луѓе.

- Генетиката и начинот на живот играат огромна улога во одредувањето на обликот на телото. Сакам да нагласам дека има голем број „совршени“ видови на тело, нагласи тој.

Но, според него, на крајот на краиштата, мислењата се субјективни.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2024 05:39