Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден е загрижена дека Иран би можел да се здобие со нуклеарно оружје, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Саливан изјави за Си-Ен-Ен дека го информирал тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за опасноста, наведувајќи дека постои ризик Иран да отстапи од ветувањето дека нема да произведува нуклеарно оружје. Тој, исто така, истакна дека САД разговарале за тоа со Израел.
Саливан рече дека Трамп ќе има можност да ги продолжи преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма со оглед на, како што ја нарече, „ослабената држава Иран“, а можеби и да постигне нуклеарен договор што „ќе ги запре иранските нуклеарни амбиции на долг рок“