Американски судија го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според одлуката на судот.

Адвокатите на осомничениот Рајан Рут побараа одложување на судењето, кое беше закажано за 10 февруари, повикувајќи се на големиот број докази во случајот.

Судијката од Флорида, Ајлин Канон го одобри одложувањето, но таа рече дека одложувањето до декември 2025 година, што го побара одбраната, е „претерано“. Таа го закажа почетокот на судењето за 8 септември 2025 година.

Рут (58) е обвинет за пет точки од федералното обвинение, вклучително и обид за убиство на претседателскиот кандидат. Тој е обвинет дека се позиционирал, вооружен со пушка, надвор од теренот за голф на имотот на Трамп на Флорида во септември со намера да пука во Трамп за време на претседателската кампања. Рут се изјасни за невин.

Судијата Кенон, задолжен за случајот, е истиот судија кој ја отфрли кривичната постапка против Трамп, во која по неговиот прв мандат беше обвинет за незаконско задржување на строго доверливи документи.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2024 16:19