Судот во Русија денеска осуди американскиот државјанин Џин Спектор на 15 години затвор поради шпионажа.

Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2024 23:26