Штрајкот на вработените во синџирот кафулиња „Старбакс“ во Америка денеска, на Бадник според Грегоријанскиот календар, ќе се прошири на повеќе од 300 продажни места низ САД, објави синдикатот „Обединети работници“.

Предвидено е денешниот штрајк на Бадник да биде најголем кои досега што го имало во компанијата, а синдикатот очекува дека ќе учествуваат повеќе од 5.000 вработени.

Овие штрајкови се само прво покажување сила - ние само што почнуваме, рече еден барист во соопштението од синдикатот кој ги претставува вработените во 525 кафулиња ширум САД.

Како што се наведува, вчера во штрајкот учествувале вработени во повеќе од 60 кафулиња на компанијата во 12 големи градови како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон и Сиетл.

Менаџментот на компанијата во соопштението наведе дека протестот ќе има „многу ограничено влијание“ врз целокупното работење, бидејќи огромното мнозинство кафулиња ќе продолжат да ги опслужуваат клиентите. Подготвени сме да ги продолжиме преговорите кога синдикатот ќе се врати на преговарачка маса“, соопштуваат од компанијата.

Во претходните преговори меѓу менаџментот на компанијата и вработените не беше постигнат консензус за зголемување на платите и за други спорни точки, па синдикатите се одлучија за протести.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 00:55