Витлеем, родното место на Исус Христос, денеска одбележа уште една Бадник во сенката на војната во Газа и на други места на Блискиот Исток.

Како што пренесе Бета, никаде немало веселба што обично се гледа на Западниот брег за време на божиќната недела. Нема празнични светла, ниту џиновска елка која вообичаено го краси плоштадот на Христовото раѓање, а нема ниту странски туристи.

Млади Палестинци тивко маршираа низ улиците, а некои носеа натпис на кој пишуваше „Сакаме живот, а не смрт“. Безбедносните сили поставија бариери во близина на црквата Рождество Христово, место за богослужба изградено на местото каде што се верува дека е роден Исус.

- Пораката од Витлеем е секогаш порака за мир и надеж, рече градоначалникот Антон Салман.

- А овие денови, исто така, ја испраќаме нашата порака до светот: мир и надеж, инсистирајќи на тоа дека светот мора да работи за да се стави крај на страдањата на палестинскиот народ, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 02:35