Сирискиот лидер Ахмед ал Шара постигна договор за распуштање на сите групи и нивно здружување под раководство на Министерството за одбрана, се наведува во соопштението на новата сириска администрација.
Минатата недела премиерот на Сирија, Мохамед ал-Башир изјави дека Министерството за одбрана ќе се реструктурира со припадниците на поранешните бунтовнички фракции и офицери кои пребегнаа од армијата на Башар ал Асад.
Ал Шара ќе се соочи со тешката задача во обид да избегне судири меѓу бројните фракции.
За министер за одбрана во привремената влада е именуван Мурхаф Абу Касра, водечка фигура во бунтот со кој беше соборен Асад.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, принудувајќи го Асад да побегне од земјата, со што е ставен крај на децениското владеење на неговото семејство.