Илјадници Сиријци протестираа денеска во Дамаск и главно христијанскиот град Сукајлабија во централниот дел на земјата, откако во тој град беше запалена божиќна елка, повикувајќи ги новите исламистички власти да ги заштитат малцинствата.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат двајца маскирани како палат божиќна елка на главниот плоштад во Сукајлабија.

„Хајат Тахрир ал-Шам“ (ХТС), главната исламистичка фракција вклучена во соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, рече дека странските борци биле приведени поради инцидентот, пренесува Би-Би-Си.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2024 02:37