Полска го прогласи јаболкото за официјално овошје за претстојното шестмесечно претседавање со Европска Унија.
Полска е најголем европски и четврти во светот производител на јаболка. Полските јаболка се во регистарот на ЕУ како производ заштитен со географска ознака.
Насадите со јаболка во Полска се простираат на 150.000 хектари, на кои се произведуваат околу четири милиони тони. Додека органските овоштарници со јаболка се на 5.500 хектари.
Во 2023 година Полска извезла 817.000 тони јаболка.
Полска го презема претседателствувањето со ЕУ на 1 јануари 2025 година.