Општина Штип на 31 декември на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе организира забава, односно пречек на Нова година, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Тој посочи дека забавата почнува по 21 часот, со познати музички имиња и бендови од Штип.

-Ќе имаме богата музичка програма, со можност за служење на пијалаци, јадења, за оние коишто ќе бидат присутни на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Во име на Општината ги повикувам сите наши сограѓани да ни се приклучат на забавата којашто ја организира Општина Штип, по повод пречекот на Новата 2025 година, вели Јорданов.

Тој истакна дека Програмата за пречекот на Нова година ќе биде објавена во текот на наредните денови со цел да се информираат граѓаните на Штип, но и граѓаните од соседните општини и градови.

Во Штип продолжува „Божиќниот маркет“ секоја вечер на шеталиштето „Ванчо Прќе“ со настапи на познати музички имиња и бендови од Штип и земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2024 02:05