Бугарската агенција - БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија.

ТОП-10 спортисти на Балканот по азбучен ред се:

Апостолос Христу (Грција) - пливање

Барбара Матиќ (Хрватска) - џудо

Давид Поповиќ (Романија) - пливање

Душан Мандиќ (Србија) - ватерполо

Јусуф Дикеч (Турција) - стрелаштво

Карлос Насар (Бугарија) - кревање на тегови

Костас Слукас (Грција) - кошарка

Милтиандис Тентоглу (Грција) - атлетика

Никола Јокиќ (Србија) - кошарка

Новак Ѓоковиќ (Србија) - тенис

Најдобриот спортист на Балканот и резултатите од анкетата ќе бидат објавени на церемонија во јануари.

Во традиционалното гласање во кое учествува и Медиумската информативна агенција (МИА) учествуваат и националните агенции на земјите од регионот - БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АДЖЕРПРЕС (Романија), Анадолска Агенција (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина), КНА (Кипар) и АТА (Албанија).



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2024 04:14