Менаџерот на Олександр Усик - Егис Климас изјави дека по победата над Тајсон Фјури, украинскиот шампион ќе оди на долг одмор и повторно ќе се бори дури на лето.

-Ќе има долга подготовка за следната борба. По 12 последователни рунди со Фјури, на Александар му треба долг и добар одмор. Мислам дека новата борба на Усик треба да ја очекуваме не порано од крајот на јули или август, изјави Климас.

Се шпекулира дека шампионот на ИБО, ВБА, ВБО и ВБЦ ќе се соочи со Даниел Дубоа, кој ја има титулата во ИБФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2024 04:15