Шпанскиот фудбалер Хесус Навас синоќа пред 45.000 гледачи на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља објави крај на кариерата.

Причината поради која 39-годишниот Навас стави крај на својата исклучително успешна кариера е хроничната повреда на колкот која го спречи да продолжи да настапува на највисоко ниво.

„Ќе продолжев доколку ја немаше повредата на колкот, а живеев за задоволство на вас навивачите на Севиља“, низ солзи изјави Хесус Навас, кој во кариерата играше само за Севиља и Манчестер Сити. Дресот на Севиља го носеше два пати, од 2003 до 2013 и од 2017 до 2024 година. Во меѓувреме беше член на Манчестер Сити.

За шпанската репрезентација одигра 56 натпревари, освојувајќи ги титулите светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 и 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2025 21:17