Ливерпул добил барање за Трент Александер-Арнолд од Реал Мадрид. Понудата била за трансфер во јануари, но „црвените“ ја одбиле понудата, наведува „Атлетик“. Договорот на англискиот репрезентативец истекува на лето и тој потоа може да замине како слободен играч.
Реал му се обратил на Ливерпул за да дознае дали челниците во Премиер лигата се подготвени да го продадат Александар-Арнолд во зимскиот преоден рок. За конкретни суми не се разговарало бидејќи од „Енфилд“ им кажале дека немаат намера да преговараат.
„Црвените“ се уште се надеваат дека ќе го убедат Трент да потпише нов договор. Тој од денеска има право да преговара со странски екипи и да потпише преддоговор кој ќе стапи на сила од лето