Маркус Рашфорд со разочарување и гнев им се обрати на медиумите во Англија, не сакајќи да ги премолчи информациите за неговото наводно заминување, оваа зима, од соблекувалната и од тимот на Манчестер Јунајтед.
„Седмата сила“ тврди дека опширно се среќава со агентите и ја разгледува можноста да ги напушти „црвените ѓаволи“, многу пред истекот на договорот заверен до 2028 година, незадоволен од резултатите и играта на великаните од „Олд Трафорд“, но и поради тоа што ја грее клупата во последно време.
-Последниве недели се напишани многу лажни приказни, а оваа најнова е многу смешна: ниту сум се сретнал со агенти, ниту планирам, сподели Рашфорд преку социјалните мрежи.
Рашфорд одигра 24 натпревари оваа сезона за Јунајтед, вклучувајќи ја Премиер лигата и другите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и асистираше за три. Сепак, тој не беше во тимот на последните четири натпревари, што ги подгреа приказните дека сака да си замине и затоа не е во плановите на новиот тренер, Рубен Аморим