Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговата екипа очекува кикс на лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, за да се приклучи во трката за титулата.
Во претходните две сезони, Арсенал ја пропушти шансата да стане шампион на Англија за прв пат по сезоната 2003-2004, откако Манчестер Сити им ги помати сметките.
„Топџиите“ во моментов се зад лидерот Ливерпул, кој има девет бода повеќе.
-Мораме да продолжиме да „удираме“ - секој ден играме на посакуваното ниво, без исклучок. Доколку Ливерпул ја задржи предноста што ја стекна, ги победи сите до крај и ја освои титулата, треба да им се честита и да се обидеме повторно следната сезона. Ако тоа не се случи, а такво нешто не се случило досега во историјата - ќе бидеме таму, изјави Артета.
Арсенал е најуспешниот клуб во Премиер лигата за календарската 2024 година.
На табелата оваа сезона моментално го зазема третото место - заедно со првопласираниот Ливерпул, пред нив е и Нотингем Форест, кој одигра натпревар повеќе.
Момците на Артета имаат шанса да ги прескокнат „шумарите“ доколку го победат градскиот ривал Брентфорд во 19. коло денеска од 18:30 часот.