Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
- С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка, соопшти портпаролот на СВР Тетово,Фатмир Реџепи.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.