Мајами го суспендираше својот кошаркар Џими Батлер на седум натпревари поради постојано прекршување на дисциплината.

- Го суспендиравме Батлер на седум натпревари поради повторени случаи на однесување штетно за тимот во текот на сезоната, а особено во последните неколку недели. Тој со своите постапки и изјави покажа дека повеќе не сака да биде дел од овој тим. Батлер и неговиот агент јасно ставија до знаење дека сакаат играчот да биде разменет, па ќе ги разгледаме понудите, се вели во соопштението на клубот.

Во тековната сезона во НБА-лигата, 35-годишниот кошаркар одигра 22 натпревари, со просек од 17,6 поени, 5,5 скока и 4,7 асистенции



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2025 03:11