Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го нарече вознемирувачки фактот дека Илон Маск директно се меша во внатрешно политичките прашања во земјите надвор од САД.

„Сметам дека е вознемирувачки што личност со огромен пристап до социјалните медиуми и огромни економски ресурси толку директно се меша во внатрешните работи на другите земји“, изјави Сторе за Норвешката јавна телевизија.

Тој рече дека тоа не е начинот на кој треба да се случуваат работите меѓу демократиите и сојузниците.

„Ако Маск се меша во норвешката политика, политичарите во земјата треба колективно да се дистанцираат од таквите напори, додаде Сторе.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2025 02:36