Авиопревозниците во САД денеска откажаа речиси 1.700 летови по обилните снежни врнежи со наноси и ниски температури што зафатија голем дел од земјата.
Според податоците на сервисот за следење летови FlightAware, заклучно со 11:22 часот биле откажани 1.673 летови, а речиси 3.000 биле одложени.
Најмногу летови откажале авиокомпаниите „Саутвест Ерлајнс“ (речиси 300) и „Американ Ерлајнс“ (176).
Превозниците, вклучувајќи ги „Саутвест Ерлајнс“, „Американ Ерлајнс“, „Јунајтед Ерлајнс“ и „Делта Ерлајнс“, издадоа препораки за патниците со предупредување за влијанието на снежната врнежи и можните откажувања или промени на летовите.
Федералната управа за цивилна авијација предупреди дека силните ветрови, снежните наноси и мраз на некои места може да го спречат патувањо во североисточниот и средноатлантскиот регион. Властите во многу држави синоќа предупредија за зимската циклонска бура која, според прогнозите, ќе создаде пречки за сообраќајот.