Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција.

- Либералната партија на Канада на 9 март ќе избере нов лидер и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година, се наведува во партиското соопштение.

Името на новиот лидер на најверојатно ќе биде објавено на денот на изборите.

Трудо минатата недела соопшти дека се повлекува од партијата, која ја води од 2013 година. Сепак, тој посочи дека ќе продолжи како премиер и лидер на либералите додека не се избере неговиот наследник.

Трудо беше под силен притисок од пратениците на ЛПК кои бараа негова оставка поради пад на рејтингот на либералите во анкетите.

Канадскиот весник „Глоуб и мејл“ (Globe and mail) објави дека поранешната министерка за финансии Кристиа Фриланд и поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни се подготвени да се приклучат на трката.

Трудо (53) ја презеде функцијата премиер во ноември 2015 година. а потоа двапати беше реизбран. Тој е канадски премиер со најдолг стаж. Сепак, неговата популарност почна да опаѓа пред две години поради незадоволството на јавноста од високите цени и недостигот на станови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2025 17:40