Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

- Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си.

Тој додаде дека „во тел се подготовки“ за состанокот и оти од перспектива на Трамп „не може да се постигне договор ако нема некаков вид на односи и дијалог со другата страна и тоа апсолутно ќе се утврди во наредните месеци“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2025 03:18