Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Даниел Мален е новото засилување на Астон Вила.

„Скај Германија“ и официјално потврди дека двата клуба конечно ги финализирале сите детали. Тој чекор беше токму она што се очекуваше, бидејќи гигантот од Бирмингем и холандскиот шпиц одамна се договорија за личните услови.

Трансферот првично е вреден 25 милиони евра, со можни пет милиони бонуси (три милиони задолжителни, два преку клаузули кои може да се активираат).

Ваквиот расплет на ситуацијата значи дека „милионерите“ би можеле да ги вратат сите пари што ги вложиле во Мален. Тој дојде на „Сигнал Идуна Парк“ летото 2021 година од ПСВ Ајндховен и му беа исплатени 30 милиони европски банкноти.

Репрезентативецот на „лалињата“ никогаш не ја најде посакуваната константност откако ја напушти татковината, а на 132 натпревари во „жолто-црниот“ дрес постигна 39 гола и даде 20 асистенции.

Поради завршен трансфер, Мален не беше меѓу патниците на гостувањето кај Кил (вторник 18.30 часот).

Мален ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот на тимот предводен од Унаи Емери бидејќи може да игра на двете крила, но и како централен напаѓач.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2025 04:32