Шпанскиот фудбалски клуб Реал Бетис и грчкиот клуб Олимпијакос упатиле барање до Манчестер Јунајтед за трансфер на напаѓачот Ентони, пренесе „Скај спортс“.
Бразилецот беше неискористена замена во победата на Јунајтед против Арсенал во третото коло од ФА Купот во неделата. Според информациите, клубот е подготвен да разговара за секоја понуда за разделба со напаѓачот, но тоа најверојатно ќе се случи на позајмица до крајот на сезоната.
Во моментов најсериозен кандидат се чини е Бетис, кој го продаде крилниот напаѓач Асан Диао на италијански Комо