Руската Федерација е во постојан контакт со Србија и побара итни консултации во врска со ситуацијата по американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), кои бараат повлекување на рускиот капитал од НИС, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Во контакт сме со нашите српски пријатели, побаравме итни консултации. Се надеваме дека ќе добиеме одговор што е можно поскоро“, рече Лавров на годишната прес-конференција.
Според него, ситуацијата, дури и од „правна гледна точка, бара храбри одлуки“.