Германскиот голман Лорис Кариус до крајот на сезоната ќе брани за Шалке кој моментално настапува во втората лига, популарна како „Цвајт“.

Како што пред неколку дена објави германскиот новинар на Скај Спортс, Флоријан Плетенберг, Кариус потпиша договор на само шест месеци.

Неговата цел е да ја оживее кариерата и да стане голман број еден за германскиот гигант.

Шалке, иако оваа сезона се натпреварува во вториот степен на локалниот фудбал, има убедливо најголема посетеност во Германија.

Оваа сезона, преку 63.000 навивачи во просек ги гледаат „рударите“ во живо на нивниот стадион по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2025 03:34