Германија ќе испорача дополнителни 60 наведувани ракети ИРИС-Т на Украина за да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана против руските напади, дознава ДПА.

Испораката вредна 60 милиони евра (61,8 милиони долари) треба да биде извлечена од залихите на германските вооружени сили, Бундесверот.

Поради тешката ситуација во Украина, одлуката е донесена без целосно да се реши рефинансирањето.

Одлуката доаѓа по посетата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус на Киев, каде што вчера разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Министерот за одбрана го увери Зеленски за континуираната поддршка на Германија и по претстојните парламентарни избори на 23 февруари.

Писториус, исто така, рече дека се надева оти Германија ќе најде начин да обезбеди дополнителни три милијарди евра за Украина. Преговорите за помошта се во тек бидејќи Германија во моментов е без фиксен буџет за 2025 година по распадот на тристраната владина коалиција, што ги поттикна претстојните избори.

- Тоа е само фискален проблем на Владата што треба да го решиме. И работиме на тоа, рече тој и додаде дека е оптимист дека ќе се најде решение



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2025 17:25