Блискиот советник на рускиот претседател Владимир Путин, Николај Патрушев, инаку поранешен секретар на рускиот Совет за национална безбедност, во интервју за весникот „Космомолскаја Правда“ изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како независни држави, пренесе ДПА.

-Не може да се исклучи Украина оваа година да престане да постои, изјави Патрушев, додавајќи дека и Молдавија најверојатно „ќе се приклучи на првата држава или целосно ќе престане да постои“.

Москва ќе прифати мировно решение со Украина само под услов да го задржи анектираниот полуостров Крим, како и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон, рече тој.

На прашањето за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната, Патрушев рече дека претпоставува „дека разговорите за Украина меѓу Русија и САД треба да се одвиваат без учество на други западни земји“.

Тој додаде дека на ова атема нема што да се разговара ниту со Европската унија, ниту со Велика Британија.

Тврдокорниот Патрушев (73) е близок соработник и советник на Путин. По 16 години на чело на рускиот Совет за безбедност, тој беше разрешен во мај минатата година и беше поставен на функцијата советник на Кремљ за бродоградба.сд



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2025 17:32