Новиот француски премиер Франсоа Бајру денеска попладне ќе се соочи со гласање за недоверба на неговата Влада во парискиот Парламент, јави ДПА.

Доколку успее, тоа би значело паѓање на новоформираната централнодесничарска влада, формирана непосредно пред Божиќ, и дополнително ќе го ослабне францускиот претседател Емануел Макрон.

Иако се очекува дека ќе го преживее гласањето, потегот ја нагласува нестабилноста на владата, која не поседува мнозинство во Националното собрание.

Гласањето беше побарано од левичарската партија „Непокорна Франција“ (LFI) завчера вечер, непосредно по првото владино обраќање на Бајру.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 15:45