Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, лично го блокираше трансферот на напаѓачот Маркус Рашфорд во друг клуб од Премиер лигата.

Претходно во јануари се појави информација дека Тотенхем и Вест Хем сакаат да го земат Англичанецот на позајмица во вториот дел од сезоната. Фудбалерот беше поврзуван и со Челзи.

И додека Јунајтед е подготвен да се раздели со Рашфорд, Ретклиф не е подготвен да му дозволи на 27-годишниот напаѓач да им се приклучи на нивните ривали од Премиер лигата, тврди „Дејли стар“.

Англичанецот одбил понуда од клуб од Саудиска Арабија. Сега Маркус е принуден да бара нов тим во Европа, а меѓу заинтересираните за него се Барселона, Борусија Дортмунд и Милан.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2025 04:11