Германската тенисерка Ева Лис ноќеска ја победи Романката Жаклин Кристијан во мечот од третото коло на Австралија Опен 2025 година - 4:6, 6:3, 6:3.
Дваесет и тригодишната Германка влезе на турнирот како „среќна губитничка“ - загуби во квалификациското финале, но се пласираше во главната фаза благодарение на повлекувањето на Русинката Ана Калинскаја.
Лис стана првата „среќна губитничка“ која стигнала до четвртото коло на Австралија Опен за жени во сингл од 1988 година.
Германката во четвртото коло ќе се соочи со второпласираната светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска.