Абдукодир Хусанов и официјално е претставен како играч на Манчестер Сити.
Момчето кое има само 20 години и игра за репрезентацијата на Узбекистан, според информациите на Островот пристигнал од Ленс за 40 милиони евра.
Оваа година младиот дефанзивец одигра 16 натпревари за францускиот клуб, а договорот го врзуваше со Ленс до 2027 година.
Тој во Франција пристигна пред година и пол од Белорусија, каде беше член на второлигашот Енергетик БГУ. Тогаш бил платен само 100.000 евра, а сега цената му е 400 пати повисока.