Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, нагласувајќи дека националистичките сили, засилени со инаугурацијата на Трамп на чело на САД, сега мора да го „окупираат“ Брисел.
„Честитки до претседателот @realDonaldTrump! Сега е наш ред да блеснеме! Нашиот ред е да го окупираме Брисел!“
Иако Виктор Орбан не отпатува за Вашингтон, тој се сретна со Доналд Трамп трипати минатата година и го поддржува од 2016 година.
Унгарскиот лидер веќе вети дека ќе го „окупира Брисел“ по европските избори во јуни 2024 година. Тој ја основа новата радикална десничарска група „Патриоти за Европа“, третата политичка сила во Европскиот парламент. зш