Арнар Гунслаугсон стана селектор на исландската фудбалска репрезентација, објави тамошната фудбалската федерација.
Педесет и едногодишниот Исланѓанец на оваа функција го замени Аге Хареиде.
Последната работа на Ганслаугсон беше во тимот на Викингур, со кого двапати го освои исландскиот шампионат и четири пати Купот на Исланд.
Репрезентацијата на Исланд заврши на третото место во групата Б4 во групната фаза од Лигата на нации.