Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги менува упатствата од времето на поранешниот претседател Џо Бајден, кои ги ограничуваа федералните имиграциски апсења во близина на таканаречените чувствителни локации, вклучувајќи училишта, болници и цркви.
Од 2011 година досега, на американските власти им беше забрането тоа да го прават, но администрацијата на Бајден го прошири опсегот на регулативата, дополнително ограничувајќи ги нивните овластувања, јави ДПА.
„Криминалците повеќе нема да можат да се кријат во американските училишта и цркви за да избегнат апсење“, се вели во соопштението на американското Министерство за внатрешнабезбедност.
Новата американска администрација, исто така, издаде директива со која ја ограничува претходната практика на „помилување“, која им дозволуваше на имигрантите легално да влезат во земјата, иако на привремена основа. Втората директива ја враќа способноста на САД брзо да го депортираат секое уапсено лице без документи кое не може да докаже дека бил во земјата повеќе од две години.