Програма за стратешко партнерство меѓу Русија и Узбекистан во воената област за периодот 2026-2030 година и Планот за соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји за 2025 година се потпишани денеска во узбекистанскиот главен град Ташкент, пренесоа руските медиуми.
Документите ги потпишаа шефовите на воените ресори на Русија и Узбекистан, Андреј Белоусов и Шухрат Калмухамедов, во рамките на официјалната посета на рускиот министер за одбрана на Узбекистан, пренесува Интерфакс.
Како што соопшти руското Министерство за одбрана, планот за соработка на министерствата за одбрана на Русија и Узбекистан за 2025 година опфаќа 50 заеднички настани во сите области на активност на воените ресори на двете земји.